Шефот на БЈБ Саше Тасевски и на Интерпол Македонија Рефик Черими заедно на важен Конгрес во Сингапур

Денеска ја предводев делегацијата на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во Сингапур, каде учествувавме на Полицискиот научен конгрес организиран од страна на ИНТЕРПОЛ. На научниот конгрес се дискутира за улогата на современите технолошки достигнувања и ИТ технологијата и нивната примена во секојдневната полициска работа. Исто така, се потенцира придобивката, како и нужноста на примена на модерните технолошки достигнувања со цел подобрување на полициската работа како во превентивниот дел, така и во сложените и комплексни полициски истраги. Остварив и средба со Мадан Оберои, извршен директор за технологија и иновации во ИНТЕРПОЛ, на која беа потенцирани заложбите на МВР за воведување на современа технологија во работењето на полицијата. Истакнав дека МВР веќе презема конкретни чекори во осовременување на полицијата како што е новиот објект на Одделот за форензички испитивања, новата апаратура, боди камерите, новите радари за сообраќајната полиција.