Спасовски :Непосредната комуникација со граѓаните преку Отворен Кабинет ја гради довербата.

Непосредната комуникација со граѓаните преку Отворен Кабинет ја гради довербата.

Во многу градови има луѓе кои имаат потреба да разговараат со министерот за внатрешни работи. Мислам дека е одлична пракса.

Ние досега одржавме два дена Отворен Кабинет, едниот во Штип, вториот во Струга. Се заблагодарувам на сите граѓани кои се пријавија и беа дел во Штип и Струга.

За забележување е дека мнозинството граѓани доаѓат за општи проблеми, наместо за вообичанието за вработување итн, а беше карактеристично што и во двата града дојдоа претседатели на здруженија. Во главно граѓаните најчество разговараа за состојбите во сообраќајот, за безбедноста, за тоа како да пристапуваме кон учениците, училиштата, што би требало да бидат темите на нашите превентивни активности.

Ова е одлична можност да се слушнеме, граѓаните да не’ прашаат, да дадат одредена сугестија, одреден коментар кој за нас би бил многу корисен. Добро е тоа што ние како кабинет поминуваме еден работен ден надвор од Скопје, од вообичаеното клише кое го имаме. Да пратиме порака дека само близината, непосредната комуникација ја гради довербата. За нас е многу важно да имаме партнерство со граѓаните. Ова е само надоврзување на формирањето на локалните совети за превенција, на отворање на интитуцијата, на подигање на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните.

МВР од најзатворена институција во 2017 година, денес под актуелното раководство е една од институциите кои ужива најголема доверба и една од трите најтранспарентни институции во државата.