Спасовски: Голема чест е да бидам домаќин на МАРРИ

Ми претставува огромна чест и задоволство што сум денеска домаќин на МАРРИ Министерскиот форум и во име на Претседателството на Република Северна Македонија со оваа Иницијатива.

Денес завршува претседавањето на Република Северна Македонија со Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција – претседателство кое започна во периодот на олабавување на рестриктивните мерки предизвикани од пандемијата со вирусот Ковид 19 и кога полека, повторно започнавме со средби со физичко присуство, овозможувајќи им на професионалците од службите надлежни за прашања од областите во надлежност на МАРРИ да се видат и лично да разменат искуства во врска со нивното работење.

Лично сум задоволен со претседавањето со МАРРИ, затоа што успеавме да постигнеме нови партнерства со релевантни организации, а секако и да ја одржиме и продлабочиме претходно воспоставената соработка со сродните субјекти.