MBР ги отвори вратите за граѓаните на Тетово и целиот Полог

Денеска продолжуваме со „Отворен кабинет“, во Секторот за внатрешни работи Тетово, како уште една активност согласно концептот „МВР за ГРАЃАНИТЕ“.

Преку овој проект сакам лично и непосредно да ги слушнам предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, нивните идеи и предлози за подобрување на безбедноста во заедницата во која живеат. Целта е да се слушне мислењето на секој граѓанин како полицијата да придонесе за поголемо спокојство на секој поединец, бидејќи ние сме тука токму за граѓаните, да се запознаам со реализираните активности од почетокот на годината досега, како и со постигнатите резултати и на тој начин да направиме еден сублимат на сѐ што е постигнато зацртувајќи ги целите за следниов период.