Министерот Спасовски на врвот на анкета на ИРИ по успешноста на министрите

Денеска (10.07.2023) Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија, во име на  Центарот за анкетни истражувања од Брима, како и со поддршка од Националната фондација за демократија, објави анкета спроведена во периодот од 8 април до 4 мај 2023, реализирана преку интервјуа на испитаниците, на национален репрезентативен примерок од 1.204 испитаници, на возраст од над 18 години.

Според анкетата, во делот на Перформансите на Владата, на прашањето „Кои три министри од Владата најдобро ја вршата својата работа?”, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е на врвот од одговорите на испитаниците со 12% поддршка.

Ова е втора последователна година во која анкетите на ИРИ го препознаваат министерот Спасовски како прв меѓу министрите по работните перформанси. Во 2022 година министерот Спасовски уживаше 12% поддршка, што јасно укажаува на континуитетот и посветеноста кон работата, односно кон успешното гарантирање на безбедноста на сите граѓани и државата.