Руската агресија врз Украина е најдобар показател за важноста на членството во НАТО

Руската агресија врз Украина е најдобар показател за важноста на членството во НАТО

Факт е дека НАТО е најмоќната политичко безбедносна Алијанса во светот, обединува некаде над 1 милијарда луѓе или повеќе од 50% од светскиот БДП.

Ако говориме во делот на сајбер безбедноста, кога говориме за лажните вести, тоа се едни од принципите за коишто практично се спроведуваат заеднички политики со НАТО. Многу е важно да се заштити критичната инфраструктура, да видиме која е отпорноста на институциите во делот на справување со хибридни закани. Како и на кој начин да ги зајакнеме тие наши капацитети и мислам дека во тој правец многу помага и НАТО Алијансата којашто со свој експертски тим работат за да ги утврдиме сите нивоа на подготвеност на македонските институции, што е тоа што треба да го направиме во наредниот период.

Ако говориме генерално за безбедноста, и за мирот и стабилноста на територијата на државата, најдобар показател за тоа колку е важно да бидете дел од НАТО Алијансата е руската агресија врз Украина.

Ние за многу кратко време, практично, ги видовме тие бенефити, што значи да бидете дел од еден сојуз, да имате сериозна поддршка, закрила и да вашиот територијален интегритет биде крајно сигурен, недопирлив итн. Тоа е најважно за нашите граѓани, посебно заради тоа што Република Северна Македонија се наоѓа во овој регион и има исклучитено важна геостратешка позиција.