Сега е моментот да го направиме вистинскиот исчекор во делот за членството во Европската Унија

Сега е моментот да го направиме вистинскиот исчекор во делот за членството во Европската Унија

Посебно сега кога станавме дел од НАТО алијансата низ многу проекти работиме заедно со граѓаните се со цел да се јакне довербата во НАТО алијансата и да се видат придобивките бидејќи мирот и стабилноста не се единствените придобивки кои ги добиваме, тука се и јакнењето на капацитетите на институциите, јакнење во делот на сајбер безбедноста, заштита на критичната инфраструктура.

Генерално поддршката за членството во НАТО кај сите држави се движи од 65 – 90%, а во оваа група спаѓа и Република Северна Македонија.

Токму ние, нашата генерација на граѓани ја остваривме таа стратешка цел. Знаете дека Република Македонија во 1991 година како независна суверена држава беше поставена токму на темелите на исполнување на овие две стратешки цели, членството во НАТО и во Европската унија.