Република Северна Македонија е меѓу првите 40 од 163 земји на листата на Глобалниот индекс за мир 2023 – исклучителен скок од 94. место во 2016 на 38. место во 2023!

Република Северна Македонија е меѓу првите 40 од 163 земји на листата на Глобалниот индекс за мир 2023 – исклучителен скок од 94. место во 2016 на 38. место во 2023!

Во изминативе 6 години, откако го преземав раководењето со МВР, тргнувајќи од премисата дека нужното менување на МВР мора да биде втемелено на реални проценки, капацитети и можности, посветено работевме на спроведување на квалитетни реформи со цел да ги поттикнеме и поддржиме севкупните промени на безбедносниот сектор во државата.

И, конечно воспоставивме норми и утврдивме концепт „МВР за граѓаните” коишто гарантираат заштита на човековите права и слободи, а истовремено се и силна брана против злоупотребата и незаконитото работење. Тој чекор го направивме без нималку колебливост, со цврста решеност да се етаблираат принципите на владеење на правото во сферата на безбедноста, како еден од круцијалните фактори за просперитет на општеството и како гарант за развојот на правната држава.

Со низа суштествени, реформски и програмски зафати во рамки на Министерството за внатрешни работи што ги реализиравме изминативе години – подобрени услови за работа со 80 реконструирани објекти, покачени плати и исплатени бонус плати, опремена полиција во служба на поголема безбедност на граѓаните – бездруго заземаат значајно место во напорите за квалитативно унапредување на модерното полициско работење, а во насока на гарантирање на врвна безбедноста на сите наши граѓани.

Продолжуваме!🇲🇰