Денеска заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и претставниците на медиумите ја искористивме можноста да извршиме увид во реконструираното кошаркарско, повеќенаменско игралиште во базата на ЕБР, Полициски Центар „Ѓорче Петров”, во вредност од 3.700.000 денари и да се увериме во заедничките заложби во насока на унапредување на условите за тренинг и физичка подготовка на припадниците на МВР.
Со ова ја заокружуваме идејата за реализација на заедничкиот проект на МВР и Агенцијата за млади и спорт, што произлезе од потребата на Одделот за специјални полициски операции за реконструкција на кошаркарското игралиште и поставување на фитнес опрема во кругот на Полицискиот центар ,,Ѓорче Петров“.