Спасовски: промовираше нов превентивен проект за младите: „Кажи не на дрогата, да на животот!“

Денеска во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“-Скопје го промовиравме новиот превентивен проект на МВР за превенција од зависностите од дроги и психотропни супстанци кај младите, под мотото – „Кажи не на дрогата, да на животот!“. Притоа, остварив работна средба со директорката на Гимназијата Силвана Кржовска и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, на која потенцирав дека за оваа проблематика е потребна континуирана и сериозна институционална активност на сите чинители кои што на еден или друг начин се инволвирани во развојот, образованието, воспитувањето и грижата за малолетничката популација.

Стратешката определба на македонската полиција е да биде реален и квалитетен сервис на граѓаните, согласно концептот наречен „community policing“ или познат и како “Полицијата во заедницата“, осмислен во соработка со мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија.

Во соработка со Македонскиот полициски синдикат, во рамки на новиот превентивен проект „Кажи не на дрогата, да на животот!“ се изработени едукативно-информативни летоци и плакати наменети за младите, а полициските службеници преку директна комуникација со младите ќе работат интензивно во наредниот период.