Спасовски во Боговиње: Секогаш ми преставува задоволство да се сретнам со вас!

Секогаш ми претставува задоволство да се сретнам на пријателска дружба со жителите на Јеловјане, Општина Боговиње, бидејќи како Влада во 2021 година го пуштивме во употреба локалниот пат Јеловјане-Урвич, кој е од големо значење за потребите и олеснување на секојдневието на двете села. Калта ја заменивме со достоинствени услови и тука не застануваме!

Во служба на народот сме и за сите нивни потреби и иницијативи, да воведеме европски стандарди дома, за нашите граѓани да имаат пристоен живот дома, во Македонија.