На измената на Кривичниот законик гледам како на можност за брзи и ефикасни постапки со проширена конфискација на нелегално стекнатиот имот
Сакам да напоменам дека воопшто не станува збор за Закон со којшто ќе има амнестија, таму не може да има амнестија за никого! Таа е во директна согласност со директивата на Европската унија, во која се предвидува проширена конфискација.
Судските постапки траат многу долго, со години и се случува да завршат без да биде конфискуван имот.
Во однос на тоа дали со овие измени на Кривичниот законик паѓаат во вода судските процеси што се сѐ уште активни – измените на Кривичниот законик прво не го укинуваат кривичното дело „злоупотреба на службената положба“. Укинуваат став од него и обвинителот има можности да направи преквалификација на делото на основа на доказите кои ги има.
Еве за организацијата на настаните од 27 април, застареноста чинам е дури по 40 години. Тоа покажува дека нема никаква основа за ослободување од кривична одговорност на никого, ниту на него. На кој начин ќе се анулираат тие постапки кои се водат овде во институциите?! Тоа е можно само со амнестија, а таква работа немаме денеска. Така што сите овие и актуелни и поранешни функционери апсолутно не се изземени со измените во овој закон.
За Груевски се водат многу постапки за кои ќе има сериозна кривична одговорност, така што ниту има било каква основа за некаков страв, ниту за каков било восхит – посебно не за Груевски.