Најбезбедна земја на Балканот и намален криминалитет се дел од придобивките од членството во НАТО
▶️Вкупниот криминалитет намален за 11% го првите 8 месеци 2023, во однос на истиот период лани – индикатор којшто покажува стабилна безбедносна состојба во услови на руската агресија вез Украина, како и за тоа дека сите врвни приоритети во делот на безбедноста се остаруваат.
Ова се едни од најдобрите резултати коишто ги имаме во последните 30 години.
И според истражувањата коишто ги прават регионалните и меѓународни институции коишто се занимаваат со прашања од безбедноста, Република Северна Македонија е најбезбедна земја во Западен Балкан и е во друштво со 36 земји најбезбедни во светот.
Сето тоа што го говоревме кога пристапуваме кон НАТО алијансата – зборувавме дека е многу важно да бидеме дел од најголемиот воено-политички сојуз, а и оваа криза покажаа дека многу е полесно кога имате силни партнери, да имате силни сојузници, да бидете заедно во сојуз којшто може да нѐ штити сите нас – Колку е важно да имате гаранција за територијалниот интегритет, за суверенитетот на државата, за границите на државата.
Сите институции во делот на безбедноста се ставени максимално во функција, сѐ со цел да се сочува и унапреди безбедноста на државата.