Средба на директорот Тасевски со шефот на украинската полиција Вихивскиј

Во рамки на Европската конвенција за шефови на полиции што на 26 и 27 септември се одржа во седиштето на Европол во Хаг, Холандија, директорот на Бирото за јавна безбедност, д-р Сашо Тасевски оствари работна средба со шефот на националната полиција на Украина, Иван Вихивскиј.

На средбата, во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, директорот Тасевски ја потенцира безрезервната поддршка од Република Северна Македонија за Украина, потенцирајчи дека и понатаму стоиме на располагање во рамки на нашите можности за помош на Украина. Директорот Тасевски го информира Вихивскиј и за моменталната ситуација со украинските државјани кои престојуваат во Република Северна Македонија.