Спасовски секогаш со граѓаните и за граѓаните

Околу моите активности и присуство на бројни настани ширум државата, би потсетил дека од 2013 година редовно одговарам на упатените покани и присуствувам секаде каде што ми дозволува дневната агенда, имајќи ја предвид важноста од комуникацијата со граѓаните, но и отвореноста во работењето на МВР, бидејќи тоа е и начин да јакне довербата во институцијата помеѓу граѓаните, а тоа најдобро се постигнува преку непосредни контакти.

Сметам дека апсолутно секој носител на функција, секој министер од било кој ресор во Владата, треба да биде во постојана комуникација со граѓаните.