Годинава откриени 78 кривични дела поврзани со корупција, сузбивме организирана криминална група, со САД заедно вложуваме во борбата против корупцијата

Годинава откриени 78 кривични дела поврзани со корупција, сузбивме организирана криминална група, со САД заедно вложуваме во борбата против корупцијата

САД се еден од најголемите стратешки партнери на Република Северна Македонија, меѓутоа и кога зборуваме од аспект на МВР, секако дека САД, исто така, се едни од најголемите партнери коишто работат заедно со МВР во градењето на нашите капацитети. Вложувањето во борбата против корупција и организиран криминал е, секако, вложување што е и најголем приоритет на МВР. Оваа борба, за жал, е присутна во секое општество и таа борба не е ни малку лесна ако ја погледнеме – да беше лесна немаше да вреди. Секако дека борбата вреди, а со задоволство можам да кажам дека имаме напредок во овој случај. Токму заради тоа американскиот претседател Рузвелт ќе рече ‘Ако е лесна било која борба таа нема да вреди’.