Оливер Спасовски денес слави роденден, ова се неговите желби за иднината

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска слави роденден. Спасовски, кој полни 47 години, роденденот најчесто го слави во кругот на семејството, со своите најблсики.

-Така ќе биде и оваа година, ќе останеме доследни на традицијата“ вели Спасовски и открива која е неговата роденденска желба.

За својот 47-ми роденден традиционално како и сите празници и важни датуми за фамилијата, ги прославуваме дома во кругот на семејството. Едни од најголемите роденденски желби ми се личното и семејното здравје и среќа, реализација на зацртаните работни цели во МВР и просперитетот на државата”, изјави Спасовски.

Насловна фотографија – Од минатогодишниот роденден на Спасовски