Денеска, во кругот на МВР свечено беше пуштен во употреба најголемата форензичка лабораторија на Балканот

Денеска, во кругот на МВР свечено беше пуштен во употреба новиот објект на Одделот за форензички испитувања при МВР, најголема форензичка лабораторија на Балканот, капитален проект со ИПА средства од пристапната помош на Европската Унија.

Во тек на долгогодишниот развоен процес, македонските форензички лаборатории постојано се модернизираат, а се имплементираат и меѓународни стандарди од областа на форензичкото работење. Во тој контекст, вреди да се напомене дека Одделот за форензички испитувања е акредитиран согласнос барањата на меѓународниот стандард ISO 17025 за компетентно, непристрасно и доследно работење на лабораториите. Паралелно со опремувањето на форензичките лаборатории со современа опрема, зголеменото потпирање на научни докази бараше и соодветни просторни капацитети за целосно практично ефектуирање на надлежностите на лабораториите.

Целта на овој проект беше изградба на нова зграда за потребите на Одделот за форензички испитувања, со потребните лаборатории, опремени со електронска контрола на пристап, специјални огноотпорни врати, аларми и апарати за гаснење пожар, видео надзор, заштитени прозорци, соодветен систем за вентилација, како и соодветни простории за складирање. Со новите простории се обезбедува доволен простор за складирање, третирање, обработка и архивирање на докази, што ќе овозможи правилно спроведување на оперативните процедури и системите за контрола во согласност со веќе дадените препораки, со што се утврдуваат основите за акредитација на лабораторијата според стандардите на ЕУ.

Благодарност до Европската Унија за сесрдната поддршка во изградбата на објектот за форензички испитувања како значајна капитална инвестиција за иднината на македонската форензика. Воедно, посакувам успех на вработените во Одделот за форензички испитувања го секојдневното работење.