СПАСОВСКИ: За време на мандатот 5.441 санкционирани лица во борбата со недозволената трговија со дрога, имаме најдобри резултати во последните 30 години

СПАСОВСКИ: За време на мандатот 5.441 санкционирани лица во борбата со недозволената трговија со дрога, имаме најдобри резултати во последните 30 години

Од почетокот на годината до крајот на октомври за недозволена трговија со дрога МВР има откриени 576 кривични дела во коишто кривично се пријавени 674 сторители. Притоа се бележи зголемување на заплената на кокаин, на амфетамини и на екстази, откриена е лабораторија за производство на амфетамини, а неодамна и една за производство на марихуана.

▶️Запленети се околу 304 килограми марихуана, 7 килограми амфетамин, 3,2 килограми кокаин, околу 4000 парчиња екстази, 146 стебла канабис, околу 5000 таблети трамадол, 3500 таблети MDMA. И секако дека откривањето на лабораториите за производство е врвен приоритет, знаете дека пред неколку дена откривме лабораторија за производство на канабис, овде на територијата на градот Скопје.

Тоа ја покажува посветеноста на највисоко ниво во однос против трговијата со дрога, меѓутоа исто е важно да се работи на разбивање на организираните криминални групи коишто се бават со трговија со дрога.

▶️Во тој дел, можам да кажам дека за овие девет месеци се пресечени три транспорти на марихуана и сузбиени се 5 криминални групи коишто дејствувале меѓународно или национално во делот на недозволената трговија со марихуана и кокаин и во коишто членувале 28 македонски државјани, при што се запленети 71 килограм марихуана и 1.5 килограми кокаин