Владата преку институциите вложи многу во Куманово и во овој регион.

Речиси и да нема сегмент во кој не инвестиравме периодов наназад. Реконструиравме дел од водоснабдителниот систем во Куманово, се работеше на изградба на фекален колектор во Речица, изградба на канализација во Тромеѓа, набавивме специјален ровокопач – натоварач за зимско одржување на улиците, набавивме специјално возило за отстранување на непрописно паркираните возила. Обезбедивме средства за доопремување на детската градинка со капацитет за нови 60 деца, работевме и на друг проект за адаптација на просторот на Пионерскиот дом во градинка за 40 деца.

Извршивме целосна санација на Основното училиште „Бајрам Шабани“, реконструкција на покривот на училиштето „Наим Фрашери“, на училиштето „Браќа Рибар“ во Сопот, обезбедивме нов инвентар во Гимназијата „Сами Фрашери“ и Средното уличиште„Перо Наков“. Реконструрано е и училиштето „Наце Буѓони“, направена е нова спортска сала за него. Нова спортска сала има и во ОУ„Јероним Де Рава“, го реновиравме Меморијалниот центар „АСНОМ“ на Пелинце, како и култната Соколана.

Би можел да најбројам уште многу проекти од инфраструктурата за кои централната власт инвестираше и помагаше во развојот на Куманово, сѐ со цел да го вратиме сјајот на нашиот град.
Како раководство на Министерство за внатрешни работи ќе продолжиме со силна мотивираност да вложуваме во полицијата, бидејќи така вложуваме во безбедноста на нашите граѓани. А како Влада, секогаш ќе ја имате нашата поддршка за развој на регионот, бидејќи Куманово тоа го заслужува.