Ние поднесовме кривични пријави, таа кривична пријава е на 100-тина страници во кои што се презентирани сите докази кои беа обезбедени до тој момент и се доставени до Јавното обвинителство и, секако, веќе имаме и оценка од јавниот обвинител во однос на прибирањето на доказите, прибирањето на вештачењата итн., дека практично се поклопуваат со тоа што досега е собрано.
Важни се две работи: едната работа е што системот многу брзо ефикасно реагираше и дојдовме до разоткривање на случајот. Притоа се откриени сите сторители на ова грозоморно убиство. Второ, важно е што целиот овој процес мора до крај да се разработи, да се заврши и да се утврдат сите аспекти. Ние впрочем, а и јавниот обвинител најави дека е можно да имаме и проширување на истрагата, сѐ со цел да се дојде до конечната вистина во однос на мотивите и сето она што претставува интерес во однос на целиот овој случај. И тоа е најважната работа.
Нов момент е тоа што се побарани од Република Турција да се достават дактилоскопските податоци, папиларните линии, и тие се доставени и ќе бидат предадени во јавното обвинителство и се очекува наскоро да стигне и материјалот за ДНК анализа.