Предавање на државната секретарка во МВР, Несторовска пред студентите на Факултетот за безбедност

Предавање на државната секретарка во МВР, Несторовска пред студентите на Факултетот за безбедност

Државната секретарка во Министерството за внатрешни работи м-р Магдалена Несторовска заедно со началничката на Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти Билјана Лалова, денеска на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ одржаа предавање пред студентите од овој факултет на тема ,,Трговија со луѓе“.
Во своето предавање, државната секретарка Несторовска ја презентираше меѓународната и националната законска рамка на кривичното дело трговија со луѓе, институционалната и меѓу институционалната соработка како и стратешките документи во името на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција како Национална координаторка.
Од друга страна началничката на Единицата за трговија со луѓе и криумчарење на мигранти, Лалова даде осврт на елементите на кривичното дело, националните трендови и практично ја претстави работата на Националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе.