Д-р Нарцизе Беадини: “Децата со ретки болести се единствени и посебни, па затоа имаат уште една причина за насмевка”
Д-р Нарцизе Беадини е специјализант по педијатрија, годинава за прв пат наш стручен соработник кој ни помага професионално да бидат преведени ретките дијагнози од македонски на албански јазик.
Добредојдовте во тимот на стручните соработници д-р Нарцизе!
порака
“Ако се прашуваме: каков е животот? Одговорот ќе биде: животот личи на огледало. Ако му се насмееме, тоа ќе ни возврати. Децата со ретки болести се единствени и посебни, па затоа имаат уште една причина за насмевка. Тие секојдневно се жртвуваат, се борат и се соочуваат со многу тешкотии, но на крај триумфираат и се насмевнуваат. Мојата порака до сите деца со ретки болести е да ја искористите вашата насмевка и вашата сила да го промените светот и да не дозволите светот да ја промени вашата насмевка.”