🇲🇰🇺🇸На средба со конгресменката Клаудија Тени, којашто е ко-претседавач со Конгресниот Кокус за Македонија, за Американците со македонско потекло, ја изразив благодарноста за личните заложби за почнувањето на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, како и за заложбите за резолуцијата на Конгресот со која септември се прогласува за месец на промовирање и славење на македонскиот јазик, култура и историја на Американците со македонско потекло и нивниот вековен придонес за Америка.
Македонско-американската заедница ги прифати слободите што ги ужива американското општество и е интегрирана во различни области како уметност, наука, бизнис, политика, медицина, спорт и други, благодарение на можностите за рамноправно учество и придонес во градењето на граѓанските и верските слободи и основните човекови права.
Во оваа прилика побарав поддршка за усвојување на Нацрт законот за демократија и просперитет на Западен Балкан. Притоа, подвлеков дека за Република Северна Македонија нема алтернатива освен Европската Унија и продлабочувањето на Стратешкиот дијалог помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.
Продолжува поддршката од конгресменката Тени за Република Северна Македонија.