Посетата на САД е во духот на напредокот на нашите односи, да ја подобриме соработката
Ова е една од позначајните посети кои што ги имаме, и знаете дека САД се нашиот стратешки партнер, и кога зборуваме во делот на безбедноста, тие се навистина партнери низ кои што се развива, унапредува безбедноста и во Северна Македонија, со многу поддршка, не само во опрема, туку и во човечки капацитети, обуки, контакти, итн.
Целата оваа посета беше во духот на напредокот на нашите односи, како да се подобри таа соработка.
Морам да кажам дека и со претставниците на Одделот за внатрешни работи на САД, со заменик Јавниот обвинител, директорот на ИЦИТАП, исклучителни средби на кои разговаравме за нашата идна соработка, за што и како треба да бидеме насочени во иднина. Секако дека приоритетите во делот на безбедноста се сосема идентични.
Ми претставува голема чест што се видов со заменик државниот секретар Џејмс О’Брајан, имавме низа теми за кои разговаравме за иднината на Северна Македонија.
Разговорите и со г-динот О’Брајан и со сите други претставници на државната администрација беа токму насочени кон борбата против криминалот и корупцијата. Тоа нешто што е здраво да се направи заради македонското општество, македонските граѓани, тоа беше една од заложбите. Го информирав г-динот О’Брајан за активностите што ги презема Владата во овој дел, за подготовката на законските решенија кои ќе ги третираат практично лицата кои се наоѓаат на црната листа на САД, за неможноста за учество во јавни функции и учество во јавни тендери за јавни набавки.
Разговаравме и за тоа дека европската перспектива нема алтернатива за Република Северна Македонија. Се’ што треба да правиме треба да направиме цврсто, одлучно и храбро да чекориме кон ЕУ. И, секако изразената заложба од нивна страна да стојат рамо до рамо со нас и да ни помогнат во јакнењето на капацитетите на институциите за да се справиме со предизвиците.