Делегација на МВР во работна посета на Северна Рајна-Вестфалија
Во период од 22 до 24 јануари 2024 година, делегација од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, составена од директорот на Бирото за јавна безбедност д-р Сашо Тасевски и помошникот на министерот во Одделот за ЕУ и меѓународна соработка Муамет Реџепи, реализираа официјална посета на Министерството за внатрешни работи на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Сојузна Република Германија.
При посетата, на 23 јануари од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност д-р Сашо Тасевски и министерот за внатрешни работи на покраината Северна Рајна-Вестфалија беше потпишана заедничка декларација за намери за полициска соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на покраината Северна Рајна Вестфалија, а воедно беше одржана и билатерална средба со министерот Реул, на која беше разговарано за многу аспекти во однос на продлабочувањето на меѓусебната соработка.
Притоа, делегацијата имаше можност да ја посети Лабораторијата за иновации на полицијата на покраината Северна Рајна-Вестфалија, чии вработените истражуваат и развиваат решенија за проблемите кои може да произлезат во иднината за да ја подготват полицијата за предизвиците со кои може да се соочат. Во лабораторијата истовремено се развиваат прототипови, се дизајнира работното место на иднината и се тестираат иновациите.
Истовремено, се реализираше средба и со претставници од повеќе оддели од полицијата и Министерството за внатрешни работи на покраината Северна Рајна-Вестфалија, на која беа разменети мислења за можностите и сферите во кои може да се одвива идната меѓусебна соработка, на која беа потврдени заложбите на двете земји за продлабочување на односите, на бенефит на двете страни.
