Денеска се обратив на панел дискусија во рамки на годишната конференција “Година на европски можности” – безбедноста на државата и граѓаните е наш прв приоритет.

Денеска се обратив на панел дискусија во рамки на годишната конференција “Година на европски можности” – безбедноста на државата и граѓаните е наш прв приоритет.

Во моето излагање се осврнав на трансформацијата на полицијата со цел создавање мотовирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните:

▶️80 реконструирани објекти, инвестирани 17 милиони евра
▶️Нови униформи и опрема, инвестирани 13 милиони евра
▶️За 35% зголемена плата на вработените, исплатени 6 бонус плати

Воедно истакнав дека во однос на соработката на МВР со меѓународните партнери и агенции, Извештајот на Европската Комисија во делот на Поглавјето 24 го нотира напредокот во управување со миграциските текови.

Особено сум горд што откако го презедов раководењето со МВР, од доверба со 23%, денеска македонската полиција има над 65% доверба кај граѓаните.