Спасовски и Сулејмани потпишаа договор за соработка и размена на информации во електронска форма меѓу МВР и Управа за водење на матични книги:

Спасовски и Сулејмани потпишаа договор за соработка и размена на информации во електронска форма меѓу МВР и Управа за водење на матични книги: Ги зајкануваме капацитетите за брза и точна размена на информации и ги елиминираме можностите за злоупотреба

„На овој начин воспоставуваме соработка со размена на податоци и документи во електронска форма преку Националната платформа за интероперабилност, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги. Согласно договорот ќе се применуваат највисоките стандарди за етичко и законито однесување, а ќе се преземаат и сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Како договорни страни, за потребите на нашите институции, преку платформата за Интероперабилност овозможуваме меѓуинституцинална соработка и пристап до регистрираниот сервис за „Определување на матичен број”, рече министерот Спасовски за време на средбата пред потпишувањето на договорот.

Спасовски истакна дека овој договор го претставува напредокот и модернизацијата, како и тоа дека соработката и употребата на технологијата може да создадат силни врски помеѓу различни институции со цел да обезбедат ефикасна и ефективна услуга кон граѓаните и да се елиминираат злоупотребите.