Бојмацалиев:Со нашите стратешки партнери, САД и ЕУ, продолжуваме да ги зајакнуваме владеењето на правото и борбата против

Со нашите стратешки партнери, САД и ЕУ, продолжуваме да ги зајакнуваме владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата. Конечно, системот покажа капацитет за борба против организираниот криминал и корупцијата и во здравството. Затоа бележиме и напредок во Индексот за перцепција на корупцијата, скок од 9 места за една година, или 31 место од 2017 година.

Би потсетил на резултатите на МВР под водството на поранешниот министер Oliver Spasovski во делот на борбата против корупцијата.

Само во 2023 година утврдени се над 64 коруптивни злоупотреби, откриени 121 кривични дела, со вкупно 178 сторители, при што причинета е материјална штета од над 350 милиони денари. Откривачката функција на полицијата во 2021 година беше зголемена за дури 50%. Од страна на ОСОСК во временскиот период од 2017 – 2023 година само за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ биле поднесени вкупно 44 кривични пријави против 170 физички и 2 (две) правни лица.

И, не застануваме, туку продолжуваме со уште позасилена борба против корупцијата со нови мерки и реформи, да победат чесните наспроти корумпираните. „Црната листа“ или листата на санкции на САД и Обединетото Кралство ја преточуваме во конкретни законски решенија и мерки за санкционирање на лицата што прават криминал, ги корумпираат институциите и го рушат владеењето на правото. И самото продолжување на преговорите со Европската Унија ќе ги донесе тие долго посакувани правила и стандарди кои ја спречуваат корупцијата на сите нивоа.