БОЈМАЦАЛИЕВ: Реконструкција на управни служби во МТВ започната на 11 декември 2023 – Одлична можност да се направи разлика на две времиња – време на супстандардни услови за работа на полицијата и време на европски услови за работа

▶️Градежните зафати беа поделени на неколку фази со оглед на ситуацијата со обновувањето на личната документација на граѓаните, каде што во прва фаза беа опфатени два ката кои ги користи Министерството и тоа 5-от кат и 9-от кат. Во оваа фаза на овие два ката се работеа подополагачки работи, изолатерски работи, замена на плафон и молерофарбарски работи. Вкупната предвидена вредност на овие работи изнесува 10.017.251,17 денари без ДДВ и 11.820.356,38 денари со ДДВ.
▶️Како втора фаза е планирано и во тек е отпочнување со работа во приземјето на зградата на МТВ каде што е и најголемиот зафат за адаптација на објектот.
Во оваа фаза се прави комплетна промена на ликот на управните служби каде најголем корисник се граѓаните. Овде се опфаќа целосна архитектура на приземјето, со комплетна промена на сите фази како што се, електрика, термотехника, термотехника со сплит системи, термотехника VRF и хидротехника.Вкупната предвидена вредност на целата фаза изнесува 75.193.982,93денари без ДДВ и 88.728.899,86денари со ДДВ.
▶️И како последна трета фаза, каде што во моментов имаме најмногу гужва е во делот на издавањето на лични документи. Во оваа фаза се работи на подополагачки работи, гипскартонски работи, изолатерски работи, промена на плафони, молерофарбарски работи и столарија со вкупно предвидена вредност од 3.731.917,66 денари без ДДВ и 4.403.662,83 денари со ДДВ.
Целокупната вредност на рамковната спогодба изнесува 88.943.151,75 денари без ДДВ или 104.952.919,07 денари со ДДВ.
Ова не е само физичка реконструкција на објектот во насока на модернизација на работните простории и подобрување на условите за прием на граѓани; тоа е реафирмација на нашата посветеност кон создавање на безбедна и подобра заедница за сите. МТВ е лицето на МВР пред граѓаните и токму оваа реконструкција е симбол на нашата ангажираност да работиме во услуга на граѓаните, со цел да ја зголемиме нивната безбедност и да им овозможиме квалитетен сервис каков што тие заслужуваат.Во оваа прилика, во свое и во име на МВР сакам да изразам благодарност до сите кои придонесоа кон успешната реализација на овој проект. Вашата посветеност и труд се доказ дека заедно можеме да постигнеме големи работи. Ова е одличен пример за тоа како ги надминуваме претходните наследени негативни состојби за кои повеќе од 30 години никој не бил заинтересиран да ги реши.
Полицијата е тука за граѓаните, и нашата најважна цел е безбедна средина и сервисна ориентираност на институцијата. Досега реконструиравме 80 полициски објекти низ државата, за кои вложивме околу 17 милиони евра. Со овој проект, ние правиме чекор напред кон остварување на нашата цел. Продолжуваме со напорите да ги подобруваме условите за нашите полициски службеници и да ги зајакнеме нашите капацитети за пружање на врвни услуги за граѓаните.