Денеска остварив средба со Шефот на OSCE Mission to Skopje, Н. Е. Амбасадорот Килијан Вал, на којашто се заблагодарив во име на МВР за се’ што ОБСЕ направи за МВР и за граѓаните во изминатиот период, што придонесе МВР да биде на висина на својата задача, а граѓаните да бидат безбедни.
На средбата стана збор за успешната организација на 30. Самит на ОБСЕ во Скопје, како и за високото ниво на безбедноста кое МВР го гарантираше за овој значаен настан за нашата држава.
Воедно, на амбасадорот Вал ја изразив мојата и на мојот тим силна заложба за спроведување на фер, слободни и демократски избори.
Граѓаните тоа го посакуваат, европски избори кои доликуваат на земја членка на НАТО и земја на пат кон ЕУ. Затоа, не отстапуваме од фер и демократски изборни процеси.