БОЈМАЦАЛИЕВ:на средба со Евроамбасадорот Дејвид Гир: 🇲🇰🇪🇺Благодарност за континуираната поддршка од ЕУ, врвен приоритет се фер и демократски избори, во согласност со европските стандарди.

🇲🇰🇪🇺Со задоволство се сретнав со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Дејвид Гир. Притоа, во свое и во име на МВР ја изразив благодарноста за континуираната поддршка од страна на ЕУ за нашата држава, особено со значајните заеднички инвестиции во ИКТ центарот за заштита на податоци и опоравување од катастрофи во Прилеп, како и во најсовремената форензичка лабораторија на Балканот, со што значително се зголеми ефикасноста во работењето на службите во МВР, а граѓаните веќе ги гледаат резултатите како најбезбедна држава на Балканот.

На средбата го информирав амбасадорот Гир дека од 2021 година имаме вкупно 25 базни станици за нашите граѓани да имаат можност да се фотографираат надвор од државата, олеснувајќи и забрзувајќи го самиот процес во делот на лични документи, за првпат во 30 години.

Врвен приоритет во следниот период е спроведувањето на фер и демократски избори, во согласност со европските стандарди.