🇲🇰🇮🇹Денеска остварив средба со Амбасадорот на Италијанската Република, Н.Е. Андреа Силвестри, на која ја изразив благодарноста која ја дава италијанската Влада преку бројни обуки за македонската полиција, а за кои сум информиран дека се успешно спроведени во 2023 година. Тоа значи дека македонската полиција е во чекор со модерните трендови и сообразена со европските полиции.
Воедно, ја изразив заложбата за спроведување на фер и демократски избори по европски принципи и практики, што бара ангажман од сите чинители во процесот.