Денеска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, се дружевме со децата на семејствата на загинатите припадници на МВР во Пониква, Кочани за време на неколкудневниот одмор на децата во одмаралиштето на Министерството.
На заедничкиот ручек го изразив своето задоволство што ова дружење со децата на загинатите припадници на МВР прерасна во една убава традиција на која имаат можност да се дружиме и разговараме за сите актуелни прашања од важност за нив, притоа уште еднаш уверувајќи ги дека во мене и раководството на МВР имаат искрени пријатели чие партнерство и пријателство продолжува и се унапредува преку здружението „Херои на Македонија 2001-2015”
Секогаш сме тука за вас – децата и семејствата на загинатите припадници на МВР и со целосна поддршка во рамки на законските можности и надлежности позитивно ќе одговориме на нивните барања и потреби.