Денеска сум со граѓаните од Демир Капија, на покана на градоначалникот Лазар Петров, на базар на вино, ракотворби и традиционални производи, по повод празникот Свети Трифун, заштитникот на лозарите и винарите.
Нашата земја поседува извонреден потенцијал во областа на винопроизводството. Македонските вина се познати надалеку, надвор од нашите граници, благодарение на трудот и посветеноста на нашите винари и лозари.
Субвенциите се исплаќаат авансно, а поддршката за мерката зелена нафта е зголемена на 100%, за сите земјоделци. Лозарите сега добиваат 9.600 денари по хектар поддршка за зелена нафта.
Посветени сме на поддршка на развојот на овој сектор, преку креирање на подобри услови за работа, промоција на извозот и подигнување на квалитетот на нашите производи, со што успеавме да го искористиме целиот потенцијал и да ги поставиме македонските вина на мапата на светските винари.