Денеска остварив средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н. Е. Метју Лосон, на којашто ги потврдивме одличните билатерални односи, како и добрата соработката меѓу двете МВР-а.

🇲🇰🇬🇧Денеска остварив средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н. Е. Метју Лосон, на којашто ги потврдивме одличните билатерални односи, како и добрата соработката меѓу двете МВР-а.

На средбата изразив благодардност во свое и во име на МВР во врска со билатералниот договор помеѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство со кој се признаваат македонските возачки дозволи во Обединетото Кралство. Законот за додавање на Република Северна Македонија на списокот на одобрени земји за замена на возачки дозволи стапи на сила 20 мај 2021 година.

Меѓу другото, стана збор и за иницијатива, важна за граѓаните на двете земји, за соработка за размена на криминални досиеја помеѓу двете земји. Во март 2023 година од страна на претставници на Министерството за правда бевме информирани дека договорено е согласно природата на содржината на Меморандумот координатор на целокупниот процес и започнувањето на преговори да биде Министерството за правда.

Заеднички се и заложбите за спроведување на фер, демократски и слободни избори, за што оваа Влада дава гарант за зачувување на интегритетот во спроведување по терк на успешно спроведените претходни избори.