Денеска го прогласив за отворен Меморијалниот одбојкарски турнир ,,Маја Лазарова Тодорова“ во чест и сеќавање на прерано починатите колеги припадници на Одделот за заштита на определени личности и објекти.

Традицијата e значајна вредност длабоко вткаена во човековото постоење. Таа се негува и пренесува од генерација на генерација, ни дава чувство на припадност и блискост, претставува важна нитка благородна за почит чија цел е спомените и сеќавањата да останат бесмртни. Овој Меморијален турнир ја има токму таа возвишена цел повторно да не сплоти, заедно да се присетиме на ликот и делата на нашите драги колеги кои повеќе не се со нас , на луѓето што некогаш беа важна алка од синџирот на Одделот за заштита на определени личности и објекти, непроценливо богатство на Министерството за внатрешни работи.

Во свое и во име на Министерството за внатрешни работи изразувам посебна почит кон споменот на нашите прерано починати колеги и кон нивните семејства, со уверување дека спортскиот дух на оваа традиционална манифестација се најдобриот влог што ќе овозможи долговечност и незаборав.