БОЈМАЦАЛИЕВ:„МВР за граѓаните” на дело – пристигнаа 140.000 обрасци на ГП Богородица

„МВР за граѓаните” на дело – пристигнаа 140.000 обрасци на ГП Богородица

Како што информирав претходно, покрај денешната пратка од 140.000 обрасци, за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што бројката од 225.000 обрасци се комплетира.

Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат утре и до крај на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600.

Во оваа прилика, упатувам апел до сите граѓани навремено да ги поднесат своите барања за промена на своите пасоши, а вработените во управните служби се на располагање за сите потребни информации и поддршка во процесот на поднесување, сликање и издавање на новите документи.

МВР продолжува со одржување на континуитетот на подготвеност да одговори на зголемената побарувачка и да ги задоволиме потребите на нашите граѓани во процесот на промена на личните документи.