Бојмацалиев:Би сакал да ја информирам јавноста во однос на тоа зошто граѓаните не можат да ги подигнат своите готови патни исправи.

Би сакал да ја информирам јавноста во однос на тоа зошто граѓаните не можат да ги подигнат своите готови патни исправи.

Истрагата е водена од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, ќе се испита целата ситуација, ќе се најде проблемот и ќе има решение и за тоа. Ова се случува во последните 30 дена, порано знаете дека личните документи граѓаните ги добиваа за 15 дена.

Сакам да дознаеме јас како дополнителен заменик министер за внатрешни работи, да дадеме одговор пред Народниот правобранител и пред граѓаните, зошто одредени патни исправи не можат да бидат земени од граѓаните, а се веќе готови.