Денеска сум во работна посета на Полициското одделение Дојран, каде што остварив средба со раководствата на СВР Струмица и Одделението за внатрешни работи Гевгелија.
Бев информиран за преземените интензивни мерки и активности со цел спроведување на дадените приоритети од контролната стратегија во насока на одржување на поволен јавен ред и мир и спречување и намалување на регистрирани кривични дела на подрачјето од нивна надлежност.
Првите два месеци од 2024 година во однос на минатата 2023 година, СВР Струмица бележи намалување на регистрираните кривични дела со непознат сторител, односно регистрирани се вкупно 64 (78) кривични дела, но има процентуално зголемување во нивната реализација, односно, во 2024 година постигната е 10% поголема ефикасност во реализацијата на овие дела во однос на истиот период минатата 2023 година.
Најмногу кривични дела во јануари и февруари 2024 година, СВР Струмица има поднесено за „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, при што поднесени се вкупно 9 кривични пријави за сторени 12 кривични дела против 14 сторители.