Посетата на Дојран ја продолжив во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стар Дојран, на средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи ЈУГ.

Посетата на Дојран ја продолжив во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стар Дојран, на средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи ЈУГ.

Бев информиран за резултатите во откривањето и спречување на илегална миграција и криумчарење на мигранти, спречување на останати форми на прекуграничен криминал како и контрола на граничниот премин.

На подрачјето на РЦ за ГР Југ за овие два месеца бележиме откриени 1057 (1009) илегални мигранти или зголемување од 5% од кои 14 (68) илегални мигранти се на ПС за ГП и ГН Стар Дојран или намалување од 79%. Во делот на криумчарење мигранти откриени се 13 (3) случаи или зголемување од 3 пати од кои 1 (1) случај се на ПС за ГП и ГН Стар Дојран. Воедно, ставен е акцент и на превенцијата, со вкупно реализирани 126 (45) превентивни активности по проекти, трибини и средби со граѓани.

Уверен сум дека колегите од овие организациони единици ќе продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на безбедноста на сите.