Обезбедени финансии за бонус плата која ќе биде исплатена по изборите
Денеска сум во работна посета на СВР Велес, каде што остварив средба со раководството на оваа организациска единица, во рамки на серијата посети во сите сектори ширум земјава како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.
Од страна на раководството на СВР Велес бев брифиран за постигнатите резултати на оваа организациска единица изминативе три месеци од оваа година ја оценивме безбедносната состојба поволна. За одбележување е намалување за 40% на нарушување на Јавен ред и мир, за првото тримесечје од 2024 година. Локалните штабови за гарантирање на безбедноста на изборите функционираат.
Во оваа прилика информирав дека финансиите за бонус плата се обезбедени, но не е исплатена заради распишаните избори, а по завршување на техничката влада ќе започне процедурата за прибирање на податоци и исплатата на бонус плата, која до 2017 не беше исплаќана, а од 2017 наваму се исплаќа.
Го слушаме гласот на вработените, така што иницијативата од Македонски полициски синдикат од ноември 2023 година привршува формирана е работна група, за колегите кои се на ноќна смена да добиваат паричен надоместок наместо храна.