Претставници на Одделот за внатрешна контрола при МВР на регионална конференција во Будва, Црна Гора
Делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од помошник на министерот м-р Ивица Станковски, раководител на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди од 7 до 8 октомври присуствуваа на „Регионална конференција на службите за внатрешна контрола во МВР“, која ја организираше Центарот за интегритет во одбранбениот сектор на кралството Норвешка во рамките на проектот „Промоција на интегритет за добро управување во земјите од Западен Балкан”.
Регионалната конференција се одржа во Будва, Црна Гора, на која покрај македонската делегација присуствуваа и претставници од Црна Гора, Албанија, Косово и ИЦИТАП.
Тема на конференција беше „Зајакнување на соработката и размена на најдобрите искуства на службите за внатрешна контрола особено во борба против корупција”.