ЦАРИНСКАТА УПРАВА ЕДНА ОД КЛУЧНИТЕ АЛКИ ВО ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО ЕУ
Царинската управа со поддршка на Владата, пристапи со целосна посветеност на процесот за интеграција на нашата држава во ЕУ, преземајќи сет активности за заштита на општеството, и за олеснување на трговијата и подобрување на услугите кон економските оператори, со што ќе се постават основите за функционирање на единствениот пазар. Во последниве години со особен интензитет сме посветени на транспонирање на релевантното законодавство на ЕУ во областа на Царината во нашето национално законодавство, како и на дигитализација на царинското работење. Притоа, согласно Стратегијата за развој и Акцискиот план 2022-2024, Царинската управа ќе продолжи со подготовката за интерконекција и интероперабилност со системите на ЕУ и имплементација на системи усогласени со системите на ЕУ, со цел тие да се воспостават пред пристапувањето во ЕУ.