Приведени крадци од Куманово, затекнати при вршење на кривично дело во Маврови Анови

Приведени крадци од Куманово, затекнати при вршење на кривично дело во Маврови Анови

На 11.09.2023 околу 21.00 часот во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д.С.(52) и С.М.(55), двајцата од Куманово.
Тие биле затекнати како од две возила оставени на паркинг, сопственост на јавно претпријатие во кое работеле, со црева одземале гориво од резервоарите. Кај нив биле пронајдени и одземени седум пластични кантисо гориво и две црева.
Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат поднесени соодветни пријави.