Богоев:Работиме на побрзи процедури за царинење и олеснување на трговијата!

Работиме на побрзи процедури за царинење и олеснување на трговијата!

Денеска присуствував на 20 годишниот јубилеј од основањето на Асоцијацијата Макам-Транс. Во таа прилика кажав дека Царинската управа работи на конкретни мерки и активности што ќе резултираат со скратено време на завршување на процесите за царинење и помали трошоци за компаниите. Секој ќе има придобивки од овие политики, бидејќи се клучни за генерирање повисок и одржлив економски раст.

Царинската управа работи на спроведување ефективна трговска политика која ќе биде изградена врз темелите на аспирациите за членство во Унијата и функционирањето на единствен пазар. Во оваа насока сме насочени кон целосно хармонизирање на царинската легислатива со европското законодавство, дигитална трансформација и замена на постоечките ИТ системи со нови системи кои се применуваат во ЕУ, модернизација на премините и борба со криминалот, сузбивање на сивата економија и корупцијата. Побрзото спроведување на процесите значи и побрз влез во ЕУ и оттаму во моментот нашата одговорност е спроведување мерки во линија со европските цели. Притоа, мерките за економска интеграција и подобрување на условите за инвестирање ќе бидат клучни.