Во случајот „Онкологија“ се вештачат собраните докази, ќе се конкретизира вината, виновниците ќе бидат изведени пред лицето на правдата

Во случајот „Онкологија“ се вештачат собраните докази, ќе се конкретизира вината, виновниците ќе бидат изведени пред лицето на правдата

Има докази, тие докази се во јавното обвинителство, дел од тие докази сѐ уште се вештачат, одземени се огромен број на материјали, огромен број на електронски уреди, направена е екстракцијата на сите тие материјали коишто се од електронските уреди. Тоа што е за вештачење во Министерството за внатрешни работи во делот на електронските уреди, тоа што е за вештачење со медицинската документација – тоа ќе го работат стручните луѓе од медицината. Очекувам дека сите тие факти и аргументи ќе бидат потврдени, обезбедени и на основа на тоа конкретно ќе се конкретизира вината, затоа што виновникот секогаш има име и презиме и тој треба да биде изведен пред лицето на правдата.

За мене е важно да го завршиме комплетно тоа што го бара обвинителството и другите институции коишто се вклучени, да се обезбедат доказите и тој којшто е виновен да носи одговорност. Оперативните податоци коишто ги имавме и на основа на сето тоа со што располагавме како оперативни информации, во консултација со јавното обвинителство, го направивме чекорот којшто требаше да го направиме. И понатаму, со анализирање на сите работи коишто стојат пред нас, како аргументи и факти, ќе се утврди сето тоа што е правено и во кој обем.