Спасовски:Владата иако техничка, има обврска да овозможи нормално функционирање на државата

Владата иако техничка, има обврска да овозможи нормално функционирање на државата

Ако се споредува временски со периодот кога беше постигнат договор за таква преодна влада и денеска, околностите се сосема различни бидејќи во тоа време имавме време во коешто се беше окопирано од страна на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, визави сегашната состојба во којашто има демократски амбиент, капацитетот на институциите е на повисоко ниво.

Меѓутоа сепак сметам и за демократијата е добро да функционира ваква една Влада во којашто ќе се спроведат сите активности коишто ќе значат подготовка на изборите. Од друга страна не само подготвување на изборите, оваа Влада има задача да овозможи да функционира државата нормално и до формирањето на следната влада после завршувањето на изборите.

Постојат многу предизвици и тие предизвици треба соодветно да бидат изменаџирани. Очекувам Владата пред се’ ќе работи во интерес на граѓаните и на државата.

https://www.facebook.com/share/v/ZpwijjxVU6MHz1rb/?mibextid=WC7FNe