Mitko Bojmacaliev на средба со американската амбасадорка Агелер:
🇲🇰🇺🇸Со посебно задоволство остварив средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н. Е. Анџела Агелер, на која се заблагодарив за поддршката која ја даваат на македонската полиција и за нашата држава како клучен партнер во унапредувањето на демократијата и владеењето на правото во сите овие изминати години. Нашето партнерство придонесе МВР да биде скалило погоре и рамо до рамо со модерните европски и светски полиции.
Воедно, се заблагодарив и за одличното гостопримство и за средбите коишто ги остваривме заедно со поранешниот министер Oliver Spasovski како прва историска посета на министер за внатрешни работи во САД на министерско ниво.
Ја информирав амбсадароката Агелер дека јас и мојот тим заедно со сите чинители вклучени во изборниот процес се обврзуваме на тесна соработка со цел фер, слободни и демократски избори. Убеден сум дека сегашниот формат на МВР во оваа техничка Влада ќе ја исполни таа цел во обезбедување на сигурна и транспарентна изборна средина.