Бојмацалиев:Со посебен пиетет ги посетив храбрите жени борки од Градски одбор на Сојуз на борци во чест на Меѓународниот ден на жените 8 Март.

🌹Со посебен пиетет ги посетив храбрите жени борки од Градски одбор на Сојуз на борци во чест на Меѓународниот ден на жените 8 Март.

Изразувам најискрени честитки и почит за нивната исклучителна храброст и непобитна решителност во борбата за слобода и правда. Вие сте вистински пример на силата и одлучноста на жената, која со придонесот кон македонската кауза за слобода го остави својот вечен белег во историјата на македонскиот народ, во создавањето на современа македонска држава, и стана потсетник за нас сите дека слободата и правдата треба секојдневна и неуморна борба.

Денешниот 8-ми Март не само што е прилика да се спомене вашата важна улога, туку и да се потсетиме на неопходноста од продолжување на борбата за еднаквост, социјална и економска правда и правична застапеност за сите жени.

Затоа, ве повикувам сите жени да продолжите со смелост да го трансформирате светот околу вас.